А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФОТО: Одбележана 141 година од раѓањето на Гоце Делчев

by А1он04/02/2013 - 13:57175
Share0

Македонија денеска одбележува 141. година од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. По тој повод во организација на меѓународната манифестација „Гоцеви денови“, на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје литургија одржа Македонската православна црква.

Добивај вести на вибер

Настапи мешаниот градски хор „Вардар“, под диригентство на Илија Атанасов.Цвеќе положија државна делегација, делегација на Собранието, претставници на АРМ, на образовни институции, политички партии, општини, установи и здруженија именувани по Гоце Делчев.

Во состав на владината делегација беа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Гордана Јанкулоска и Спиро Ристовски.

Пред споменикот на Гоце Делчев на плоштадот „Македонија“ цвеќе положија делегација на Собранието составена од пратениците Антонио Милошоски, Лилјана Поповска и Владанка Авировиќ, владина делегација во чиј состав беа вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министрите за култура и за информатичко општество и јавна администрација Елизабета Канческа-Милевска и Иво Ивановски, од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, општина Центар…

delcev1

Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, роден е на денешен ден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија.

Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задрганичен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска на 4 мај 1903 година во селото Баница.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен