Уредникот во Вечер и на Сител, Д-р Драган Павловиќ Латас, во својата редовна колумна во Вечер, со наслов „Копилиња“, дискредитира и лепи етикети на новинари.
„Штом Бранко во прв ред ги истура неговите новинари и невладиниот му сектор, јасно е дека настапило предизборно време.Така би од секогаш“, пишува Латас.
Ги коментира новинарите од 1994 година, па се до денеска.
„Кој во грев е роден, во грев и ќе живее, мој Геровски и лепо друштво.Тоа е оној Геровски, зад кој останаа куп упропастени редакции, новинари на улица и сеанси на пушење кај газдите за спас на сопствениот интерес.
Кај моите газди, во Вечер и Сител каде јас сум бил и сум главен уредник, нема пропаднати проекти. Новинарите имаат редовни плати, стипендии за студии на сметка на редакциите… новинарите кои јас сум ги водел, и водам, не се уценувани од газдите, ниту осудувани за клевети против колеги.
Копилињата на Бранко, на чело со Геровски, месеци наназад го плукаат американскиот амбасадор, како и еврокомесарот Филе, затоа што не го поддржуваат Бранко. На амбасадорот му предвидуваат брз крај на кариерата. За Филе ценат дека бил дел од режимот на Груевски….
Молчат, и поддржуваат Бранко да им се заканува на новинарите.
Па, кој е антизападен, неписмен, примитивен и реакционерна сила“, пишува меѓу другото Латас во својата колумна.