Караванот разговори „Твојот глас“, во кој претставници на Владата, министри, заменици министри, државни секретари и пратеници, предводени од Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, одржуваат отворени средби со граѓаните, оваа недела беше во општина Теарце.
„Се наоѓаме во еден исклучително чувствителен период за државата, исполнет со бројни предизвици и обврски, чија успешност зависи и од инклузивноста на граѓаните, од нивната информираност и од нивните одлуки“, истакна Османи за медиумите, посочувајќи ги притоа целите поради кои се одржуваат овие средби:
„Прво, за да ја задржиме блиската комуникација со граѓаните, како дел од транспарентноста на нашата работа; второ, како главен преговарач, имам потреба и обврска да направам што е можно поширока консултација за потребите и очекувањата на граѓаните од преговорите; и трето, оваа можност ја користиме за на граѓаните да ги информираме за суштината на претстојниот референдум, да им го претставиме значењето од успешноста на истиот, кои се перспективите што со тоа ни се отвораат.“
Османи потенцираше дека според она што го слушнале од досегашните средби, граѓаните изразиле високо ниво на зрелост и дека масовно ќе излезат и ќе ја поддржат европската и евроатлантската иднина на земјава, прифаќајќи го притоа и договорот од Преспа.