Косовската полиција го сопре српскиот претедател Александар Вучиќ, кој утрово и покрај забраната од косовската влада тргна кон селото Бање.
Полицијата го извести Вучиќ дека се постави барикади на патот од страна на демонстранти.
Вучиќ и неговата делегаија излегоа од автомобилите и со раководствата на српските општини од северот на Косово се договараат што понатаму.
Конвојот на српскиот претседател е обезбедуван од припадниците на Косовските полициски служби, а една од патролите е италијанска жандармерија.