• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

„Сега Иванов ќе прогласи воена состојба и ќе ве затвориме“, му рекол еден од напаѓачите на Оливер Спасовски

by А1он07/09/2018 - 21:12219
Share0

Министерот Оливер Спасовски на сведочењето доцна вечерта во кривичниот суд за крвавиот четврток, рече дека напаѓачите фрлале со се’ што ќе стигнат: сталки, летви, кабли, дрвени предмети…

Добивај вести на вибер

Се присети дека ги видел Бате Геле и Игор Југ во центарот за прес во Собранието. „Бате Геле со слика на Мијалков викаше: Ќе ве убиеме“. Тој рече дека полицијата била како на концерт и не уапсила никого.

Спасовски рече дека критичниот ден околу 22 часот, еден од присутните, по информацијата од новинарката Душица Мрѓа дека претседателот Ѓорге Иванов ќе одржи прес-конференција му рекол: „Сега Иванов ќе прогласи воена состојба и ќе ве затвориме“, на што Спасовски му возвратил дека е луд, зашто очекувал да ги изнесат во мртовечки сандаци.

Тој се присети дека лицата со фантомки слободно се шетале и по потреба ги ставале и ваделе фантомките кои ги чувале во џебовите. Рече дека на Љупчо Николовски, тогашниот пратеник му висело парче од кожата од удар, а исто така и дел од усната на неговото обезбедување. Тој лично имал фрактура на носот и крварел.

„Не сакавме да одиме во клиничкиот центар, зашто ако можеа да влезат во Собранието, тогаш сигурно немаше да бидеме заштитени и дојдовме во зградата на СДСМ и тука ја дадоа медицинските екипи нивната помош со шиење, фрактури и слично“, рече Спасовски.

Рече дека имал чувство на беспомошност, страв и згрозеност дека државата т.е. полицијата не ги заштитила.

Васко Маглешов

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен