(ВИДЕО) Макрадули: Водно не е заштитено подрачје, гасоводот поминува низ шума која нема големо значење за природата

Од:

Заменик минситерот за животна средина, Јани Макрадули на дебата со активистите рече дека Водно не е заштитено подрачје. Според него, правилата за тоа што може да се прави на Водно, ќе биде кога ќе биде извршена валоризација и ова подрачје ќе се заштити со закон.

„Откако ќе се донесе одлука дека е заштитено подрачје, ќе се види кој ќе управува со Водно. Тогаш се дефинираат правилата што може да се прави или не. Оваа држава немаме еко системи“, рече Макрадули откако активистката од иницијативата за „Спас на Водно“ укажа на фактот дека дозволата за градба на гасоводот не е за заштитено подрачје.

Изборот на трасата е направена врз основа на една главна траса и четири алтернативни, рече Макрадули, додавајќи дека, врз база на студијата и компаративна анализа, истата траса е избрана затоа што поминува низ подрачја каде што дрвјата имаат мало значење за животната средина.

„Трасата поминува низ ниско-стеблести шуми и низ шуми кои според европската скала имаат мало значење за природата“, рече Макрадули.

Макрадули смета дека доколку во Скопје не се преземе ништо за загадувањето, во 2025 година ќе има енормини емисии на гасови, а пак, доколку има семејства поврзани на природен гас, тогаш загадувањето ќе е намалено.

По Макрадули, активистиката Стојановска му рече дека тие како министерство се најзасегнати за заштита на животната средина.

„Вие наследивте многу неквалитетен проект, во тоа се согласувам. Но, требаше да се почне од ново. Требаше кога видовте дека проектот не е во ред да барате ново решение и нова студија. Водно е заштитена парк шума. Зошто дозволувате градби во период на носење на законот за валоризација на природните вредности? Нели прво треба да се донесе па потоа да се спроведуваат активностите? Кога ќе се донесе законот, според наши сознанија, ова што се прави ќе биде противзаконски“, рече Татјана Стојановска од иницијативата „Спас за Водно“.

Кристијан Ландов