• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Видео Македонија

(ВИДЕО) Бошкоски: Во автомобилот ми кажаа дека апсењето е поздрав од шефот

by А1он03/09/2018 - 11:0203/09/2018 - 11:02328
Share0

Во Кривичниот суд во Скопје, продолжи судењето за предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство. На денешното рочиште сведочи оштетениот Љубе Бошкоски. Тој сведочеше дека на 6 јуни 2011 година го повикал човек кого го сметал за пријател во ресторанот „Воденица“, заштитен сведок во случајот „Кампања“.

Добивај вести на вибер

„Со мене имав кесичка со пари кои никогаш не ги броев и не ги гледав иако беа изложени пред мене. Само што тргнав кон автомобилот, некој извика, Стој! Полиција. Јас во шок ја фрлив кесичката со пари и застанав во место“, сведочеше Бошкоски. Тој рече дека тогаш дотрчале полицајци со и без фантомки, го однеле до автомобилот и му ги рашириле рацете.

„Почнаа да ме претресуваат. Се собра поголема група полицајци. Почнаа потоа да викаат: Легнете го на земја ѓубрето! Пичка му материна! Легнете ги и двајцата, ѓубриња предавнички“, рече Бошкоски. Тој додаде дека во, како што рече политичкиот реваншизам и омраза не се штеделе вулгарни зборови и пцовки.

„Ме газеа со колена. Еден од нив кој ме легна, ми ја сврте главата и ми впери пиштол во образот и ми рече: Ова ти е поздрав од шефот. Лај сега ѓубре едно!“ сведочеше лидерот на Обединети за Македонија. На тоа, Љубе рекол дека знае оти операцијата е по нарачка на Сашо Мијалков, ексдиректорот на УБК. На тоа еден од алфите му рекол никогаш да не го споменува името Сашо и да го вика само „шефот“.

„Сашо Мијалков беше дигнат на ранг на библиско суштество“, рече Бошкоски во сведочењето.

Тој рече дека го залепиле до полски тоалет и викале „Залепи го ѓубрето. Тука му е местото“. Бошкоски рече дека и во автомобилот кон полициската станица продолжиле да му говорат дека операцијата му е поздрав од шефот и дека го враќале назад на местото каде го уапсиле за да го снимаат сите камери.

Васко Маглешов

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен