Форум на слободоумни патриоти: Референдумот нема да успее и покрај заканите и уцените

Од:

Референдумот во Република Македонија нема да успее, без разлика на сите уцени и сите закани кои ги упатувате во последниот период, соопшти Форумот на слободоумни патриоти чиј претседател е Владимир Змејковски.

Тие ги повикуваат „белосветските мешетари да прекинат да се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија и да прекинат да го уценуваат народот”.

„Сакаме да им укажеме дека вашата непринципиелност и вашиот безокразлук нема крај. Место да зборуваат за меѓународно право, за исполнување на меѓународни норми, за исполнување на Копенхашките критериуми, вие вулгарно и безобразно се мешате во работи кои не се во ваша надлежност. Притоа, ги прекршувате сите дипломатските протоколи и меѓународното право.

Референдумот во Република Македонија нема да успее, без разлика на сите уцени и сите закани кои ги упатувате во последниот период. Доколку истото ова се случуваше во државите од кои доаѓате, до сега ќе ги протеравте дипломатите кои се мешаат во внатрешни работи на една суверена држава. Ние сме свесни дека предавничката двојка Заев-Димитров и нивните пулени нема да ве протераат само заради тоа благодарение на вашите непринципиелни политики дојдоа на власт, но Македонскиот народ многу одамна ве има прогласено за непожелни во Република Македонија“, се вели во соопштението.