Пронајдено безживотно тело на жена во Велгошти

Од:

Попладнево по 17 часот било пронајдено безживното женско тело во нејзиниот дом, потврди портпаролот на СВР Охрид за „А1он“.

Портпаролот на СВР Охрид за „А1он“ рече дека во моментот трае увидот на местото на настанот. Јавен обвинител од Јавното обвинителство во Охрид и полициски екипи од СВР Охрид во моментот го вршат увидот.

Повеќе информации од МВР најавија за утре.