По 8,5 часа одолговлекување Груевски ќе објаснува зошто се жали за пресудата за „мерцедесот“

Од:

После 4 одбиени барања на одбраната за изземање на судечкиот совет, в.д. претседателот и претседателот на Апелација, започна седницата на која треба да се потврди или укине пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје за случајот „Тенк“.

Експремиерот Никола Груевски е осуден на 2 годишна казна затвор, а 6 и пол години казна затвор доби поранешниот помошник министер на МВР, Ѓоко Поповски.

Пред исчитувањето на обвинението и пресудата од страна на судијката известител, претседателката на Судечкиот совет рече дека со оглед на динамиката по која се одвива седницата, за истата ќе биде закажан нов термин каде обвинетите пред петочлениот судечкиот совет треба да објаснат кои се нивните жалбени основи за пресудата за набавката на екстра луксузниот „мерцедес“ од 600.000 евра.

Виктор Јованов