• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Сугарески: Општините да достават проекти за инфраструктурни проекти

by А1он30/08/2018 - 13:4584
Share0

Општините да достават готови проекти до Владата за да може да ги искористат парите кои беа наменети за изградба на карго аеродромот во Штип, а сега се пренаменети за инфраструктурни проекти во општините, апелира министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Добивај вести на вибер

– Се работи за сериозна сума на пари од кои 40 милиони евра од планираните за изградба на аеродромот, а остатните од јавните претпријатија, изјави министерот Сугарески по денешната посета на општина Илинден и средбата со градоначалникот Жика Стојановски.

Тој додаде дека се работи и на проект за санација и реконструкција на локалните патишта низ општините и оти во моментот се прават сериозни анализи и се собираат податоци од општините кои патишта треба да се реконструираат.

– Ова ни е потребно за да утврдиме точна рамка за колкави средства станува збор. Се планира меѓу 70 и 100 милиони евра кредитна линија и ве уверувам дека се што можеме, ќе помогнеме за да го забрзаме еконскиот развој на општините и да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните, рече Сугарески.

Освен денешната средба во општина Илинден, министерот Сугарески досега оствари средби и посети и на општините Кисела Вода и Бутел.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен