78-годишен прилепчанец починал откако му се слошило покрај брегот на Охридското Езеро

Од:

Вчера околу 10,30 часот М.М.(78) од Прилеп кој бил непосредно до брегот, му се слошило и паднал во водата на Охридското Езеро.

Од присутните граѓани бил изваден од водата и му била укажана помош, по што пристигнала екипа од Итна медицинска помош и бил пренесен во Општа болница Охрид, каде била констатирана смрт.

Полицијата извршила увид на местото на настанот.