(ВИДЕО) Дукоски: Има многу докази и сведоци за 27 април, потребни се месеци за да бидат изнесени сите

Од:

Поднесени се многу докази и сведоци од нас и обвинителството за 27 април, ќе ни требаат неколку месеци за бидат изведени сите. Ние како одбрана поднесовме листа на докази, не дека нешто криеме, но кога ќе дојде време ќе ги видите, рече адвокатот на Митко Чавков, Сашо Дукоски.

Во врска со изјавата на обвинителството дека одбраната не знае за кое дело се обвинети лицата, Дукоски рече дека тоа не е точно и дека не е во ред одбраната да се нарекува хистерична и дека не знае да чита.

-Делото 313 до 2008 година го носеше насловот Тероризам, сега тоа исто дело се преименува во Терористичко загрозување на уставниот поредок со исти дејствија на опишување, благодарам на јавното обвинителство што не просветли и во иднина ветувам дека ќе бидеме по ажурни и ќе се трудиме повеќе да го читаме законот за конечно еден светол ден да дознаеме за што ги обвинува овие лица, рече Дукоски.

На денешното рочиште за главна расправа сите 31 обвинет се изјаснија дека не се чувствуваат за виновни.

На 31 август ќе започне фазата на изведување докази на обвинителството, каде како сведоци ќе бидат сослушани актуелниот министер, Дамјан Манчевски и пратениците Фросина Ташевска Ременски и Павле Богоевски.

Виктор Јованов