Обвинети сме како „Дружината братско стебло“, рече пратеникот Крсто Мукоски

Од:

„Се чувствувам непријатно и збунето, бидејќи првпат сум во судница за 44 години и е многу понепријатно од Собранието“, рече во воведниот говор пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, обвинет за настаните од 27 април, Крсто Мукоски.

Тој рече дека е семеен човек и татко на четири малолетни деца. „Основата на обвинението е како од книгата ‘Дружината братско стебло'”, рече Мукоски и додаде дека освен со колегите, не се познавал со останатите обвинети и според тоа, обвинението е во една основа нелогично.

„Не сме го попречиле изборот на претседател на Собранието“, рече Мукоски. На 27 април како што рече во воведниот говор, правеле кворум за работа на Собранието.

„Ништо не сме направиле со умисла. Жалам за тоа што се случуваше, тоа беа мои колеги со кои сум заедно долги години“, рече обвинетиот пратеник пред судот.

Васко Маглешов