По паузата во кривичниот суд продолжи објавувањето на бомбите во предметот „Титаник“. Досега од 1063 објавени се 219 бомби.
Во разговор од 31 мај 2011 година меѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протоѓер, Јанкулоска му раскажува дека Петар Поп Арсов не бил популарен меѓу граѓаните и да му дадат друга обврска, за да не оди со неа меѓу граѓаните: „Тој е добронамерен, ама не е популарен“.
Протоѓер ја прашува Јанкулоска на 5 дена пред изборите дали ќе ги победат СДСМ: „Ќе ги згазиме ли?“, на што ексминистерката се смее. Протоѓер потоа на повисок тон ѝ вели на Јанкулоска: „Ноќта на петти на А1 ќе им се мочам у уста“, алудирајќи на аферата со списоците.
Судијата Шабани закажа 2 нови рочишта за предметот „Титаник“ на 12 и 24 септември.
Васко Маглешов