Во телефонски разговор од 31 мај 2011 година, меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, ексминистерката му се жали на вицепремиерот дека полициската станица во Струмица нема бензин, што не е излоиран случај и го има низ цела Македонија, за барањето да се сконцентрира повеќе полиција во ромското маало:
“Немаме бензин. Точно е. Се’ што имавме потрошивме. По 20 литри им даваме на станица. Таа е состојбата и не е само во Струмица. Одат со приватни коли да прават увид. Кога има убиство со приватни коли одат на увид”.
Јанкулоска на Ставрески му вели дека ситуацијата е најлоша во Скопје, зашто во главниот град ни тоа не им го давале. Ексминистерката на Ставрески му раскажува дека немаат пари за бензин и едвај обезбедиле за денот на изборите, на што Ставрески ѝ одговара:
“Е па да сме живи и здрави.”
Во кривичниот суд продолжува пуштањето на необјавените бомби во предметот на СЈО, “Титаник”.
Васко Маглешов