Во 2 од пуштените бомби во судницата за предметот „Титаник“, разговараат Владимир Божиновски, координатор на центарот за истражување на јавното мислење на ИПИС и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Во разговорите од 30 мај 2011 година, Божиновски му вели дека проблем за изборите во 2011 година е четвртата единица, според анкетата која тој ја спровел: „И јас се изнервирав многу. Не очекував. Ништо, ти ќе си продолжиш јако до крај и тоа е тоа“.
Миле му вели дела е разочаран од анкетата во четворката. Божиновски му одговара дека можно е да има направено маргинална грешка од +/-3%: „Не се секирај ти. Ти реков дека сме на граница. Утре ќе ја повторам анкетата уште еднаш“.
Божиновски му вели дека го загрижува излезноста во четвртата изборна единица. Како што вели самиот, била малку „мутава“, и тоа не им одговарало. „Мене четворката ми е круцијална. Таму се работи најмногу“, му вели Божиновски на Јанакиески.
Васко Маглешов