Дерковски: Јанакиески може давал инструкции, но прашање е дали јас сум го послушал

Од:

Учествувам во избори уште од 1994 година и од секогаш сум соработувал со институциите, Јанакиески може да дава насоки, но јас дали сум го направил тоа што тој го кажал е друго прашање, стварно не се сеќавам, рече Дерковски за „А1он“ откако на денешното рочиште за случајот „Титаник“ во судницата на една од „бомбите“ се слушна гласот на актуелниот директор на Државната изборна комисија.

Од разговорот остварен на 30 мај 2011 година може да се слушне како поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески му дава инструкции на Дерковски, во тоа време директор на МЖ „Транспорт“, за конкретни активности на денот на изборите.

– Нашите да пијат кафе до 7 во штабовите. До 9 да гласаат. До 10 да гласаат пријатели и роднини, до 12 сите вработени, а потоа неопределените, му вели Јанакиески на Дерковски.

Виктор Јованов