А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Кажете брашното во циганско маало е канцерогено“, Јанакиески нарачувал инспекции во ромското маало во Струмица

by А1он20/08/2018 - 10:5120/08/2018 - 11:00377
Share0

Во кривичниот суд во Скопје, продолжи пуштањето на бомбите во предметот „Титаник“. Во неколку од разговорите од 30 мај 2011 година, Јанакиески му нарачува на ексдиректорот на УЈП, Горан Трајковски „јаки инспекции“ во т.н. ромско маало во Струмица.

Добивај вести на вибер

„Секој ден инспекции да има таму“, вели Јанакиески. На тоа Трајковски му се жали дека не може на прва да ги затворат дуќаните: „Ни го сменивте законот на втора мајка да затвораме“.

„За брашно која инспекција е надлежна?“, прашува Јанакиески и тврди дека во еден од дуќаните во ромското маало во Струмица имало брашно.

„Ве молам јаки инспекции секој ден“, вели Јанакиески. Тој на соговорникот му вели дека Зоран Заев со брашното ќе купувал гласачи во ромското маало.

„Да не мрднат со инспекции дури не ги затворат дуќаните“, нарачува Јанакиески. „Си оди циганот во дуќанот и си зема брашно…“, дообјаснува Јанакиески. „Кажете брашното канцерогено е“, додава ексминистерот за транспорт и врски во разговорот кој се емитуваше во судница.

Васко Маглешов.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен