(ВИДЕО) Епидемиолозите смируваат: Нема случаи на западно-нилска треска во Македонија

Од:

До овој момент нема регистриран случај на западно-нилска треска, смирува доктор Илир Демири од инфективната клиника.

Во изјава за медиумите тој посочи дека нема ниту еден хоспитализиран пациент чии симптоми асоцираат на вакво заболување, а такви пациенти нема забележано ниту амбуламтите.

Тој посочи дека за заболување од западно-нилска треска треба да се поврзат три клучни критериуми – пациентот да е каснат од комарец, тој комарец да е посебен примерок односно носител на вирусот, како и пациентот да е имунолошки подобен за во неговиот организам да се развие вирусот.

Заподно-нилската треска се карактеризира со висока температура и исфрланост по телот. Многу ретко заболувањето се карактеризира со менингит и таквите пциенти се предмет на посебен третман.

Демири истакна дека превенција од оваа болест е да се минимизира можноста од каснување на комарец.

Западно-нилската треска е заразно заболување што го пренесуваат комарци, а според епидемиолозите, кај нас ги има и комарците што може да го пренесат.

За двајца сомнителни пациенти во Македонија, возрасна жена и дете, лабораториските анализи направени во Институтот за јавно здравје покажаа дека немаат западно-нилска треска.

Девет луѓе починале досега во Србија од вирусот Западен Нил, а годинава се регистрирани 102 случаи на заболени лица заболени покажале податоци на српскиот Институт за јавно здравје „Др. Милан Јовановиќ – Батут“. Од почетокот на летото, две лица на возраст од над 80 години починаа во Грција, додека 55 се заразени од вирусот Западен Нил, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Маја Илиевска – Пачемска