ФОТО: Километарска колона во правец кон Охрид

Од:

Километарска колона возила едвај движи на патот кон Охрид, поради гужва кај планинскиот превој „Стража“.

Возилата стојат во место каде што е поставен третиот семафор, а кај претходните два семафори присутни се и полициски службеници за регулирање на сообраќајот. Во спротивниот правец сообраќајот се одвива нормално и без подолги задржувања,

Голем број граѓани, традиционално заминуваат за Охрид по повод празник „Илинден“, кој годинава се падна в четврток.

Кристијан Ландов