Кабинет на Адеми: Никој не може да ја монополизира и манипулира дијаспората

Од:

Желбата на некои организации да го носат ореолот на една единствена која ги претставува сите во дијаспората, едноставно е невозможна и не може да биде тоа, во ситуација кога во дијаспората низ целиот свет има над 80 организации, коишто ги претставуваат интересите на граѓаните по потекло од Република Македонија, се вели во соопштението на кабинетот на министерот без ресор, Едмонд Адеми.

Во соопштението се вели дека живееме во време на плурализам и различности и оти никој не може да ја монополизира вистината и да ја монополизира дијаспората.

„Дијаспората како категорија на граѓани кои живеат и работат надвор од Република Македонија е комплексна и динамична! Не е така едноставна, како што некои организации сакаат да ја претставуваат.
Поистоветувањето на цела дијаспора со една или две организации е погрешна и невистинита. Граѓаните на Република Македонија ќе одлучат за иднината и е неодговорно било кој да се противи на изразувањето на волјата на народот“ велат од кабинетот на Адеми.