Алијанста за Албанците не ја поддржа одлуката за распишување референдум.
-Јас сум еден од пратениците кои овој процес го платија со крв, рече Села.
Тој додаде дека референдумот не треба да го опфаќа договорот, туку само името на државата.
Алијанста смета дека не треба референдум, не навлегувам во тоа како е формулирано прашањето. Сепак, овој состав во Собранието ќе одлучи за уставни измени, рече Села.