А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФИТР: Весна Кузмановиќ не е ангажирана од Фондот по ниту една основа или договор

by А1он27/07/2018 - 17:47246
Share0

Фондот за иновации и технолошки развој ги демантира информациите коишто ги изнесе политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Споменатото лице Весна Кузмановиќ не е ангажирана од страна на Фондот за иновации и технолошки развој по ниту една основа или договор, ниту се исплатени какви било средства за наведените консултантски услуги. Кузмановиќ е дел од листата на консултанти во рамки на проектот на УСАИД – USAID Business Ecosystem Project чија цел е помош за компании за подготовка на предлог проекти за различни видови грантови. Притоа, на самата листа, објавена транспарентно на веб страницата на Фондот, јасно е наведено дека користењето на консултанти не е задолжително, ниту пак претставува каков било услов за добивање финансиска поддршка“-се наведува во соопштението.

Од фондот информираат дека лицето Весна Кузмановиќ не е, ниту била дел од процесите на одлучување за доделување финансиска поддршка, со што наводите за каков било конфликт на интерес се целосно неточни и во целост ги отфрламе.

„Потенцираме дека ФИТР е одговорна и транспарентна државна институција, и им стои на располагање на сите кои имаат дилеми во врска со нашето работење и процесот на спроведување на инструментите за кофинансирање, и ги повикуваме да нѐ контактираат со цел во иднина да се спречи изнесување на паушални оценки и невистини. Она што не смееме да го дозволиме е да биде загрозен угледот на компаниите што аплицираат за нашите инструменти и најостро ги осудуваме сите обиди за дискредитирање на компаниите кои доставија успешни предлог проекти што во транспарентна процедура беа избрани за кофинансирање. Како што и претходно најавивме, ги повикавме Јавното обвинителство и сите надлежни институции во Република Македонија да ја испитаат нашата работа и да утврдат евентуални неправилности. Оставаме на надлежните институции да си ја завршат својата работа“-се вели од ФИТР.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен