Општина Карпош отвори пунктови за донации за настраданите во Грција

Од:

Општина Карпош отвора два пунктови за собирање на донации за жртвите и настраданите од пожарите во Република Грција. Првиот пункт ќе биде во спортската сала на училиштето „Лазо Трповски”, во Карпош 3, а вториот пункт е во спортската сала на училиштето „Владо Тасевски”, во населбата Козле. Локалната самоуправа воведува и дежурства за прибирање на донациите. Пунктовите ќе бидат отворени од 12:00 до 18:00 часот во текот на денешниот ден и утре, додека за време на викендот од 10:00 до 14:00 часот.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ги повика сите граѓани, фирми и организации да ја покажат својата хуманост и да донираат дел од потребните продукти: вода, конзервирана храна, средства за хигиена и за дезинфекција, како и пелени за бебиња.

-На денот кога одбележуваме 55 години од катастрофалниот скопски земјотрес, да се солидаризираме и да подадеме рака кон Атина која во минатото придонела во обновата на Карпош. Улицата “Атинска” која се наоѓа во урбаната заедница „Владо Тасевски“ (Млечен) е потсетник на хуманоста што Атина ја покажала кон Карпош. Сега е време ние да возвратиме, рече Богоев.

Во хуманитарната акција се приклучуваат и голем број на активисти и хумани сограѓани од Карпош.