Рангелова му замери на Заев бидејќи не им дозволил на неговите братучеди да аплицираат за грант за производство на ајвар

Од:

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова го праша премиерот Зоран Заев дали СДСМ нема други луѓе кои можат да ги заменат функционерите во Фондот за иновации, додавајќи дека не сака да слуша за работењето на ексвладата, бидејќи СДСМ треба да учи од нејзините грешки. Според неа, ако скандалот не излегол во јавност, никој немало да ги врати парите. Рангелова му замери на Заев што не дозволил неговите братучеди, да аплицираат за грант за производство на ајвар.

„Судир на интереси е ако биде во комисијата и одлучи да додели средства на својата фирма. Овде се работи за етичкиот кодекс. Можам да потврдам и со компанијата ‘Мамас’ која е на моите братучеди. Другите компании за производство на ајвар аплицираат и добиваат средства. Тие не. Тука е етичкиот кодекс. Не аплицирале, нема да аплицираат. Ако треба некого да разрешам, одма ќе го направам тоа без да чекам судски одлуки. Овде нема криминал. Законот мора да важи за сите, ама и сите мора да го почитуваат етичкиот кодекс“ изјави Заев.

Рангелова се заблагодари на искреноста која премиерот ја покажал во одговорот.

„Мислам дека не сте во право што не сте им дозволиле на роднините да аплицираат за ајварот, но мислам дека фирмата на Анѓушев не требала да аплицира“, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

Заменик-претседателот Горан Мисоски кој ја води седницата, даде пауза, потоа, продолжува седницата за пратенички прашања.

Кристијан Ландов