А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Јавното обвинителство за организиран криминал влезе во Фондот за иновации

by А1он25/07/2018 - 19:2626/07/2018 - 08:27200
Share0

По налог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, МВР влезе во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој, потврди за „Макфакс“ директорот Јован Деспотовски, кој нагласи дека полицијата одзела документи.

Добивај вести на вибер

„Дојдоа, проверија, зедоа документи. Тие си ја тераат постапката, не би навлегувал. Ние во понеделникот ги повикавме јавно да постапат, по што постапија”, рече Деспотовски.

Од Обвинителство соопштија дека е предистражна постапка, поради што не можат да даваат повеќе информации.

Претходно, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал оформи предмет по допрен глас по објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување грантови по јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој.

Кристијан Ландов

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен