Со 93 гласа „за” и 1 против се изгласа потребата за измените во Изборниот законик кои се однесуваат на финансирањето да се донесат по скратена постапка.
Измените за Законот за Влада и Законот за финансирање на партиите беа едногласно изгласан со 96 гласа.
Гласањето за потребата, законите да се носат по скратена постапка помина без образложување од страна на предлагачите.
Откако законите ќе бидат разгледани на матичните комисии, ќе се вратат повотрно на пленарна седница каде се очекува да бидат усвоени.
Кристијан Ландов
