Пратеникот Горан Милевски на неговиот Фејсбук профил повика Фондот за иновации да го поништи оглосат и да распише нов јасни критериуми, преку кои јасно ќе се дефинира кои фирми имаат право да аплицираат, што е тоа иновација во компанија, ниво на износ на средства што може да го добијат компаниите.
„Фондот за иновации наместо да проверува која од фирмите што добиле грантови е поврзана со власта (бидејќи тоа не било дел од критериумите), предлагам:
1.Да го поништи целиот огласот,
2.Да ја распушти комисијата од тајни експерти кои одлучувале по пристигнатите апликации,
3. Да распише нов транспарентен оглас со јасни критериуми, преку кои јасно ќе се дефинира кои фирми имаат право да аплицираат, што е тоа иновација во компанија, ниво на износ на средства што може да го добијат компаниите“ напиша Милевски.
Тој додаде дека со грантови треба да бидат поддржани вистински иновативни компании кои имаат раст, развој, извоз и нов производ, без разлика на која политичка определба припаѓаат и дали воопшто припаѓаат.
„Ако се транспарентни условите никој нема да биде против“ пишува Милевски.

