Актерот Един Јакуповиќ на неговиот Фејсбук профил објави дека министерот без ресор, Аднан Ќахил, паркирал на тротоар, а запрашан зошто го узурпира јавниот простор на пешаците одговорил „Јас сум држава“.
„Кога го запрашав зошто го узурпира јавниот простор на пешаците ми одговори: јас сум држава! Возилото е на министерот без ресор: Аднан Ќахил“ напиша Јакуповиќ на Фејсбук.