А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Се утврдува дали има пропуст во текот на лекувањето на трите деца со дијабетес

by А1он24/07/2018 - 17:0095
Share0

Во тек е процедура во институциите за утврдување дали има пропуст во стручноста во водењето на трите деца со дијабетес тип 1, од Свети Николе, Гевгелија и Охрид, кои во состојба на кетоацидоза се примени во Клиничкиот центар во Скопје.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова денеска го изјавија претседателот на Лекарската комора на Македонија Калина Гривчева Старделова и Катарина Ставриќ од Клиниката за детски болести.

– Првото дете од Свети Николе е примено во добра општа состојба и после неколку дена е испишано. Тоа брзо било препозанено и упатено на Клиника. Второто дете од Гевгелија се уште е на Оддел во Детската клиника. Тоа е донесено во состојба на кетоацидоза, брзо е извлечено од таа состојба и е стабилно, рече Ставриќ и додаде дека во тек е процес на едукација на родителите на второто дете за справување со неговата болест негова и изрази надеж дека и тоа брзо ќе биде пуштено дома.

Ставриќ посочи дека третото дете од Охрид е донесено на Клиниката со возило на Итната медицинска помош и поради возраста и сериозноста на состојбата веднаш е упатено на КАРИЛ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Таа додаде дека една третина од децата со новооткриен дијабетес доаѓаат на Клиниката во стостојба на кетоацидоза, која е животозагрозувачка состојба.

Претседателот на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК Наташа Димитриевска рече дека бараат што побрзо да се истражи случајот, бидејќи, според нив, поради погрешно утврдена дијагноза трите деца биле доведени во животозагрозувачка состојба.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео