А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Три деца со дијабет хоспитализирани на Клиниката за детски болести од 17 до 24 јули

by А1он24/07/2018 - 16:40123
Share0

На ЈЗУ Клиника за детски болести во периодот од 17 до 24 јули хоспитализирани се три деца со дијагноза дијабетес, на три, девет и 14-годишна возраст.

Добивај вести на вибер

Од Клиниката за детски болести информираат дека првиот пациент е примен на 17 јули и станува збор за дете на возраст од три години, кое е упатено од матичен педијатар по направени првични анализи кои укажувале на дијабет. Детето е примено на Одделот за ендокринологија направени се иследувањата и согласно протоколите, дадена е терапија. По неколку дена детето е пратено дома.

– Вториот пациент примен 19 јули, е деветгодишно дете пратено од Општата болница во Гевгелија. Детето било со симтоми на дехидратација и првично било стабилизарано во болницата во Гевгелија, но по влошување на состојбата е пратено на дополнителни иследувања на Клиниката за детски болести. По неколкудневен третман состојбата на детето е подобрена. Пациентот се уште се наоѓа на Одделот за Ендокринологија и е во добра општа состојба, се наведува во соопштението од Клиниката за детски болести.

Третиот пациент на 14-годишна возраст, како што информираат од Клиниката, е примен вчера.

– Тој со возило на Брза помош е транспортиран од болницата во Охрид во тешка состојба. Веќе биле изготвени првични анализи кои укажувале на дијабет. По приемот на Клиниката детето поради возраста (14 години) е упатено на КАРИЛ каде по приемот е интубирано и поставено на апарат за механичка вентилација. Лекарите од оваа Клиника заедно со педијатрите од Одделот за Ендокринологија работат на стабилизација на состојбата на детето. Во моментов се прави се што е утврдено согласно протоколите за работа, се наведува во соопштението.

Во него се посочува дека ова не е прв пат на Клиниката за Детски болести да се примаат пациенти со дијабет кои се во тешка состојба.

– На Одделот за Ендокринологија постојано се лекуваат пациенти со оваа дијагноза и се откриваат нови случаи. Токму поради тоа што се работи за сериозно заболување кое може да даде тешка клиничка слика, Здружението на педијатри од септември планира да спроведе низа обуки и едукации кај матичните лекари за навремено препознавање на раните симптоми на болсета и првичен третман, се наведува во соопштението од Клиниката за детски болести.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен