(ВИДЕО) Манчевски: ВМРО-ДПМНЕ бараше амнестија, затоа нема договор во Собранието

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, по седницата на Комисијата за транспорт и врски рече дека вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ барале амнестија, како и дека имало и барање за бришење на членот 165 од кривичниот законик, но и други барања.

“Медиумските реформи и сите реформи се закочени поради лични интереси. Законот се блокира и се зборува за се и сешто, а тоа е поради барањето за амнестијата. Апелирам на доблест и храброст, членовите на АВМУ и МРТВ да се повлечат. Мора да продолжиме со реформите, имаме катастрофални резултати”, рече Манчевски.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ ги кочат реформите во медиумите, бидејќи преку промена на законските решенија барале амнестија, а пратениците од мнозинството не дозволиле.

Поради барањето за амнестија, вчера била закочена координацијата каде се усогласуваа законите за влада и финансирање на партии.

По членот 165 се води постапка против високи функвионери од ВМРО-ДПМНЕ во случајот Талир на СЈО, а се однесува на нелегално финансирање на политичката партија.

Кристијан Ландов