Директорот на фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски допрва откако беа разоткриени десетина имиња, ќе ги прашува компаниите дали имаат сопственичка структура има лице носител на јавна функција или член на потесното семејство.
-Ќе ги повикам сите компании во рок од 15 дена да достават изјава во која ќе потврдат дали имаат во својата сопственичка структура лице кое е носител на јавна афункција или член на потесното семејство, рече Деспотовски.
Оние кои во 15 дена ќе го декларираат тоа, директорот на фондот кажа дрека ќе побарал повторно комисијата да ги разгледала тие документи и да утврди дали се исполнети сите услови, но нема да утврдува конфликт на интереси.
-Ние ќе ги објавиме јавно, а ако чувствуваат морално одговорност самите да се повлечат. Секое сокривање на фактите си носи одговорност, рече тој.
-Второто системско решение ќе биде за следниот јавен повик, ќе предвидиме секоја компанија при аплицирање да декларира дали во својата сосптвеничка структура има лице носител на јавна функција или неговото потесно семејство, рече Деспотовски.
Во правилникот за кофинасирање пишува дека сопствеичката структура на апликантот се доставува до директорот и до комисијата. Деспотовски тврди дека сопственичката структура не е критериум за оценување.
Сите членови на комисиите кои одлучуваа за добитниците на грантовите се именувани од владата.