(ВИДЕО) Села најави уставни амандмани за подобрување на правата на Албанците

Од:

Алијанса за Албанците има свои забелешки во Договорот со Грција и членството на Македонија во ЕУ и НАТО, рече денеска на прес-конференција лидерот на партијата, Зијадин Села. Тој побара во договорот, еден дел од народите во земјата да биде повеќе истакнат од другите народи, односно во делот за националност во патните исправи да пишува Албанците граѓани на Република Северна Македонија.

„Преку процесот на отворање на уставните измени ќе направиме сите народи да се чувствуваат еднакви. Во Македонија има народи кои заслужуваат да бидат рамноправни во преамбулата, без некој да се чувствува како носител на државјанството, сите се носители на државјанстото. Алијанса за Албанците преку свои амандмани ќе интервенира во делот на Уставот што се однесува на службените јазици.

Села нагласи дека во ред е да се брани македонскиот јазик во договорот со Грција, но според него и Албанците имаат право да го бранат нивниот јазик, кој, како што рече, не е различен од македонскиот, и дека тоа треба да биде јасно за сите.