JСП соопшти дека утре автобуската постојка во подрумот на ГТЦ нема да биде во функција од 12 часот, па се до наредниот ден во утринските часови.
Автобусите на линијата „50“ во тој период ќе ја користат автобуската постојка до паркот Жена борец.
Привременото затворање на постојката е поради централниот настан во рамки на манифестацијата „Зборува Скопје“ кој ќе се одржи во Графити галеријата во ГТЦ-стои во соопштението.
