А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонија ќе помага во справување со пожарите во Грција

by А1он24/07/2018 - 09:0724/07/2018 - 10:44322
Share0

Македонија ќе испрати два авиона за гаснење на пожарите во Грција. Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, вели дека од синоќа се во постојан контакт со центрите во Грција, каде што околината на Атина ја има зафатено огнена стигија каква што не се памети изминативе десет години.

Добивај вести на вибер

„Од утрово сме на координативна седница, се организираме за пожарите и понудивме помош. Чекаме повретен сигнал. Спремни се два авиона за гаснење пожар. Екипите се спремни. Се очекува секој момент да тргнат“, вели Џаферовски за „Макфакс“.

Тој додава дека авионите за гаснење пожар се најбрз механизам. „Пожарникари нема да се испраќаат бидејќи станува збор за далечна дестинација. Доколку има потреба, ние ќе испратиме и теренски возила со пожарникари“, додава Џаферовски.

Најмалку 50 лица загинаа, а 150 се повредени во огнената стихија што ја зафати околината на грчкиот главен град Атина. Меѓу жртвите има и деца.

Кристијан Ландов

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен