(ВИДЕО) Мицкоски: Референдумското прашање да се однесува само за Договорот со Грција

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната лидерска средба изјави дека имале разидувања со парламентарното мнозинство во врска со тексто на прашањето за референдумот.

– Морам да кажам уште на почетокот дека главната разлика беше во вториот дел од состанокот, околку текстот на евентуалното референдумско прашање. Во првиот дел од денот разговаравме околу начинот на формирање на ДИК, околу усвојување на предлог законот за финансирање на партиите и околу измените во законот за влада, односно формирање на техничка влада по пржинскиот принцип. Во вториот дел ги отворивме двете прашања поврзани со референумот. Првото за карактерот на референумот, а второто за текстот на прашањето. Зборувавме за деталите. Ние ги застапувавме интересите на граѓаните со почитување на законите и Уставот, имајќи предвид дека парламентарното мнозинство е тоа што кое што е надлежно да распише референум. Се обидовме да спречиме евентуално насилие во врска со распишувањето на референдумот. Нашиот став е дека референумското прашање мора да биде еднозначно, а не да биде поврзувано со повеќе значење и тука имаме разлики со парламентарното мнозинство. Во врска со карактерот на референумот имавме приближување на ставовите. За успешен референумот се смета тој референумот доколку излезеноста е минимум 50 отсто плус и еден и минимум 50 отсто плус еден гласаат ЗА, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде оти по второто прашање имаме сериозно разидување, ние не може да се сложиме за прашање кое ќе има повеќе значења.

– Ние сме за прашањето да се однесува само за Договорот со Грција, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одби да одговори дали ќе го бојкотираат референдумот.

Галена Николовска – Ризвановиќ