Разрешена претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка со уште 10 членови

Од:

Претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен Ирена Брзанова заедно со 10 членови беа разрешени од функцијата.

Разрешувањето е по барање на Владата, бидејќи сметаат дека комисијата не успеала да реши голем дел од предметите по кои требала да постапува. Од Владата сметаат дека бројката на предмети по кои е постапувано не е реална бидејќи во нејзе не се вметнати предметите по кои не е постапувано.

„Во извештајот од 2016 година е видно дека комисијата не покажала особени резултати во работењето”, пишува во предлогот на Владата испратен до Собранието.

Членовите и претседателот на комисијата имаат мандат од 5 години, а можат да бидат и повторно избрани.

Кристијан Ландов