СДСМ: Грабежот е политичка мантра на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Измислените скандали и лажните наводи на ВМРО-ДПМНЕ нема да го сокријат фактот дека токму оваа партија 11 години ги крадеше граѓаните заради енормно богатење на фамилијата, преку коруптивни зделки, наместени тендери и договорени провизии. Грабежот е политичка мантра на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа заврши со промената на власта“-се вели во реакцијата на СДСМ.

Од партијата нагласуваат дека Македонија расчистува со криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и чекори напред. Од заробена, сиромашна и изолирана држава, денес Македонија е слободна и напредна држава, пријател на демократскиот свет.

„ВМРО-ДПМНЕ знаат дека најголемите криминалци се дел од фамилијата којашто изнесе милијарди евра надвор од државата, додека граѓаните тонеа во сиромаштија, но исто така треба да знаат дека парите стекнати на незаконски начин ќе бидат вратени назад во Буџетот, назад кај граѓаните. Му се допаѓало тоа или нe на ВМРО-ДПМНЕ, успесите на Македонија се препознаени и денес државата одлучно чекори кон влез во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Граѓаните ги поразија погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го поразат и неговото деструктивно однесување, граѓаните велат ДА за македонската иднина“-завршува во соопштението.