А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Собирање боровинки на Пелистер од 28 јули

by А1он23/07/2018 - 09:46569
Share0

Бербата на боровинки во националниот парк „Пелистер“ ќе почне на 28 јули. Вака одлучи ЈУ Национален парк „Пелистер“ – Битола во договор со претставници на фирми кои се занимаваат со откуп на боровинка и други шумски производи.

Добивај вести на вибер

Обезбедена е и соодветна дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање.

– Секоја година пред почетокот на сезоната за собирање шумски плодови се врши евидентирање и издавање легитимација за собирачите на шумски плодови, со што процесот на стопанисување со шумските плодови е организиран и легализиран. На заинтересираните граѓани им издаваме посебни дозволи со фотографија и основни податоци за собирачот и на тој начин собирачот може да се движи на територијата на националниот парк, да собира шумски плодови и да ги предаде за откуп на определен откупен пункт. Со ангажираноста на теренот, и со помош на сообраќајната и шумската полиција, како и со овластените фирми за откуп на боровинки, го регулираме собирањето боровинки и други шумски плодови, вели Пеце Цветановски, советник за односи со јавност во ЈУ Национален парк „Пелистер“ – Битола.

ЈУ Национален парк „Пелистер“ очекува до 27 јули да заврши пријавувањето на собирачите на боровинки, како и на фирмите кои ќе потпишат договор за откуп.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен