(ВИДЕО) Арсовски: СДСМ се фатени живи како ги делат парите, веднаш да ги вратат на граѓаните

Од:

„СДСМ се фатени живи или што би рекол народот со спуштени гаќи како си ги делат парите на граѓаните. Сега сите веќе гледаат дека акцизата и другите давачки кои што се покачени, се покачени не заради друго туку за да можат Анѓушев, Заев и останатите да имаат повеќе пари во буџетот за да си ги поделат меѓу себе и на нивните семејства и фирми“-истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Според него Анѓушев, најдрско и најбезобразно преку медиумите им порачал на граѓаните дека него никој не може да го сопре да ги краде нивните пари и дека тоа ќе го прави и понатаму без да се крие и јавно пред очите на граѓаните и на медиумите.

„Кочо Анѓушев заборавил дека кога го гласаа во Собранието за Вицепремиер изјави дека функцијата ќе ја врши совесно и одговорно, ќе го почитува Уставот и законите на Република Македонија. Очигледно е дека за него не важат ниту Уставот, ниту законите. Ако ги почитувал законите, Кочо Анѓушев ќе дадел изјава за скриен судир на интереси бидејќи е еден од сопствениците на “Каст инвест” и ќе се изземеле од повикот за грант за доделување на средства од фондот за иновации. Со тоа што не го сторил тоа, Кочо Анѓушев е соучесник во сето ова и го прекршил законот“-дополни Арсовски.

Тој уште еднаш јавно го повикува Јавното обвинителство кое што за жал се уште молчи, да го преземе овој случај во свои раце за да конечно Кочо Анѓушев одговара пред органите на прогонот бидејќи не му е прв пат да го прави ова. Тендери во ЕЛЕМ, закон за царински олеснувања за литиумски батерии и уште многу други случаеви каде што Кочо Анѓушев ги испумпува парите на граѓаните.

„Кочо Анѓушев, веднаш да ги врати парите на граѓаните и заедно со директорот на фонд за иновации да си дадат оставки додека траат истрагите и конечно да одговараат за своите криминални постапки. Еден ден кога судството ќе се тргне од канџите на СДСМ, сите инволвирани во овие случаеви ќе одговараат пред органите на прогонот, бидејќи кривичните дела никогаш не застаруваат. За овој криминал и начин на делење на 10,5 милиони евра одговорност мора да има и ќе има “-заврши портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.