Жител на Ѓорче Петров нападнат од кучиња скитници

Од:

Жител на Ѓорче Петров синоќа во полициска станица пријавил дека бил нападнат од кучиња скитници.

Како што информира МВР, Д.И (20) пријавил дека завчера околу 18,30 часот додека се движел по кејот на реката Вардар во населбата Ѓорче Петров бил нападнат од кучиња скитници, при што му биле нанесени повреди на левата нога и на двете раце.