Тинејџер повреден во тепачка во автобус

Од:

Седумнаесетгодишно момче се здобило со телесни повреди нанесени со нож (две посекотини на десната нога) од неколку лица кои се возеле во автобус, кој сообраќал на релација Центар- Волково.

Како што информираше МВР, синоќа околу 23,15 часот во автобусот бр. 22 по претходна вербална расправија на две групи, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка.

Лицето Н.М. кое се здобило со повреди е пренесено во болницата “8-ми Септември“ каде што му е укажана лекарска помош и е пуштен дома. Истото заминало во полициска станица и дало изјава за настанот. Две лица се приведени во полициска станица. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.