Димитриевски: Доколку се точни тврдењата за тендерите, треба да ги осудиме

Од:

„Ниту јас, ниту премиерот Заев, ниту сопартијците, симпатизерите и сограѓаните, уривавме режим, криминал, беззаконие, корупција, за да на сите нас ни се случува „deja vu”. Доколку и 1 промил од овие тешки обвинувања за тендерите, грантовите е точен, мораме да се свртиме кон нас самите, и јавно да ги осудиме и корегираме овие девијантни однесувања“-, напиша на својот Фејсбук профил, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, по информациите коишто протекоа деновиве дека владини функционери си делеле тендери.

-„Живот За Сите“ нема да дозволиме да биде живот за некого или живот за мене, бидејќи така многу лесно ќе преминеме на „темната страна”. Политиката е како атлетика, штафета 4х100. Само еден од тимот да е послаб или немотивиран, целиот тим губи. Јас не сакам ниту ќе дозволам да губи мојот тим – ГРАЃАНИТЕ на Македонија “ – стои во објавата на кумановскиот градоначалник.