„Директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски итно да поднесе оставка на функцијата и против него да се покрене обвинение за „злоупотреба на службената должност“. Парите кои ги наменил за фирми на вицепремиерот и на пратеник од владејачкото мнозинство, не смеат да бидат исплатени“-, стои во соопштението од партијата Глас за Македонија.
Според партијата ова е пример на корупција во највисоките ешалони на власта, во ситуација кога Македонија води на сите светски скали за корупција.
„Никакви оправдувања не се уважуваат. Едноставно, додека се на функција и поради функциите не смеат да се богатат од народни пари кои им следуваат на вистински, а не на измислени иноватори. Развојот на овој корупциски скандал будно ќе го следиме, како и секој обид да се проневерат народни пари. Со ваквите постапки оваа Влада само не оддалечува од ЕУ, а притоа врши невиден притисок за прифаќање на срамен договор преку кој божем ќе не доближела до европските вредности. ГЛАС за Македонија ќе води бескомпромисна битка против секој вид на корупција“-се наведува во соопштението.
