Со свечено дефиле низ струшките улици и настап на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе се одржи меѓународниот фестивал „Фолклорен мост“.
Учесниците, преку песни и игри, ќе ги престават фолклорните традициии и културните особености на своите земји.
На годинашното 12. фестивалско издание ќе настапат културно уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Македонија и Балканот меѓу кои: ФУГ „Мотајички вук“ – Србац, КУД „Џердан“ – Трн, Бања Лука, Фолклорна секција „Расавци“ – Приједор, ФА „Мегдан“ – Богданци, КУД „Моминок“ – Прилеп, ФА „Мислешево“ – село Мислешево, КУД „Соко“ – Инџија…
Јасмина Попоска, член на организацискиот одбор оцени дека „Фолклорен мост“ е веќе препознатлив и почитуван фестивал со меѓународен карактер.
– Оваа година фестивалот се одржува по дванаесетти пат. Се работи за учесници од фолклорни ансамбли, односно друштва, како и фолкорни хорови, кои преку нивните носии, песни и ора ги пренесуваат културните особености и фолклорните мотиви на своите земји и краишта, истакна Попоска за МИА.
На фестивалот „Фолклорен мост“ досега учествувале“ играорци од Унгарија, Франција, Молдавија, Србија, Хрватска, Романија, Бугарија, Црна Гора, Словенија.