По паузата од два часа, пратеникот Ејуп Алими побара нова пауза на Комисијата за европски прашања за да го проверат преводот на амандманите дали е согласно со нормите и деловникот и подобро да ги разберат амандманите. Претседателот на комисијата Груби даде повторна пауза од саат време.
На ваквото барање Алими реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев кој рече дека ова барање покажува неколегијаност и покажува дека власта не е подготвена да дебатира.
Пратеникот Ејуп Алими е обвинет во случај на СЈО, за изборни нерегуларности односно уништување на изборен материјал.
Кристијан Ландов