А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Орбан му напиша на Заев: Ги поддржувам одлуките за преговори со ЕУ и поканата од НАТО

by А1он20/07/2018 - 16:1320/07/2018 - 16:14125
Share0

„Го поздравуваме договорот со Грција, и ги поддржуваме одлуките за преговори со ЕУ и поканата од НАТО за Република Македонија“, напиша претседателот на Владата на Унгарија Виктор Орбан, во писмото испратено до кабинетот на премиерот, Зоран Заев.

Добивај вести на вибер

Во писмото, кое премиерот на Унгарија Орбан го потпишува и во име на Вишеградската Четворка, го поздравува решението што двете земји, Република Македонија и Република Грција, го најдоа во врска со прашањето за името.

Премиерот Орбан исто така истакнува дека „Унгарската Влада постојано, преку сите форуми се залага за забрзување на евроатлантската интеграција на целиот регион на Западен Балкан, така и за Република Македонија“, и додава дека Унгарија го поддржа усвојувањето на резолуцијата на Европската Унија со која се овозможува започнување на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ.

Во писмото испратено до Претседателот на Владата Зоран Заев, премиерот Орбан нагласува дека Унгарија ја поддржува поканата за членство што нашата земја ја доби од НАТО на 11 јули.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен