Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ негодуваат, Груби продолжи со седницата

Од:

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев изјави дека прашањето дали го повлекуваат првиот амандман не е заклучок дека е отворена општа расправа.

– Ја разбирам вашата интенција да ја завршите целата работа. Расправа на оваа комисија немате отворено. Ве молам, барем ова може да се почитува. Со амандманите бараме да се почитуваат законите, Уставот, деловниот на собранието. Знам дека ќе ја истерате работава, вашата агенда, рече Данев.

На ова Груби реагираше дека ги прашал пратениците дали го повлекуваат првиот амандман, тие одговориле потврдно. Со тоа, ја поминал општата расправа. Груби од говорницата ги чита измените во изборниот законик, а со тоа тече времето за расправа по амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Кристијан Ландов